Известување За следните проекти можете да се информирате во делот Активности/Следен Проект

Notice: Test mode is enabled. While in test mode no live donations are processed.

$ 0
Select Payment Method
Известување За следните проекти можете да се информирате во делот Активности/Следен Проект

Notice: Test mode is enabled. While in test mode no live donations are processed.

$ 0
Select Payment Method

Донација за наменско возило со пристапна рампа и можност за превоз на лица со траен инвалидитет и друга попреченост на Општина Гевгелија

Донација за наменско возило со пристапна рампа и можност за превоз на лица со траен инвалидитет и друга попреченост на Општина Гевгелија

by

6 6 people viewed this event.

Почитувани,На денешен ден 13.04.2023 година, на една година од основање и постоење на фондацијата, во чест на ИЦЕ БЕГОВ ,Фондацијата ИЦЕ БЕГОВ склучи Договор за донација за наменско возило со пристапна рампа и можност за превоз на лица со траен инвалидитет и друга попреченост со Општина Гевгелија.Донацијата на наменското возило со пристапна рампа и можност за превоз на лица со траен инвалидитет и друга попреченост е во вредност од 34.118,00 евра со вклучен ДДВ.Донираното наменско возило ќе биде ставено на располагање и користење на следните корисници:– Корисниците на Дневен Центар JУМЦСР -Гевгелија– Членови на Заедницата на инвалидски организации во Гевгелија составена од: Здружение на слепи, Здружение на глуви, Здружение на лица со интелектуална попреченост ‘’Порака” и Здружение на лица со телесен инвалидитет ‘’Мобилност’’ –Гевгелија– Членови на Здружението Национална Алијанса за лица со посебни потреби-Гевгелија– Лица со попреченост, телесен инвалидитет кои поради здравствената состојба во која се наоѓаат не се итни и не се во животно загрозувачки ситуации, а истите не се во можност самостојно да обезбедат превоз за користење на здравствена, социјална или друга потреба и адиминистративна услуга.Општина Гевгелија како примател на донацијата, ќе овозможи располагање и користење на возилото на горенаведените корисници за нивните потреби меѓу кои:1.За превоз од домот на корисниците на услугата до Дневниот центар ЈУМЦСР-Гевгелија и назад2. За индивидуални потреби на корисниците на услугата како што се: користење на социјална, здравствена, административна услуга (посета на лекар, банка, пошта, фризер, јавна установа, институција, културен настан)3. За учество на корисниците на услугата- членовите на здруженијата, Национална Алијанса за лица со посебни потреби-Гевгелија и Дневниот центар ЈУМЦСР-Гевгелија како што се: учество во натпревари, трибини, настани во други градови, локални прошетки и организирани екскурзии во Гевгелија и други градови во државата.Се надеваме дека со донацијата на наменското возило ќе се подобри мобилноста на лицата со попреченост во Општина Гевгелија.Со почит,ФОНДАЦИЈА ИЦЕ БЕГОВ


To register for this event email your details to admin@fondacijaicebegov.org.mk

Register using webmail:
Gmail
/

AOL
/

Yahoo
/

Outlook

 

Date And Time


2023-01-13 @ 12:00 AM

to
2023-01-13 @ 02:30 AM



 

Location

 

Event Category

Share With Friends