Фондација ИЦЕ БЕГОВ Скопје во соработка со АК 7ми Ноември и Фондација Аполонија организираше Прва инклузивна трка November Run-Run Together од 1 километар која се одржа на 5-ти ноември во општина Гевгелија.Можеме да се пофалиме дека ова е прва инклузивна трка која се одржала на територија на Македонија.
На инклузивната трка присуствуваа над 600 учесници -лица со попреченост во придружба и тоа од цела територија на Македонија, каде сите учесници добија dry-fit маичка од брендот TOMEO и стартен број.
Инклузивната трка беше организирана за сите возрасти и способности, без бариери и предрасуди, а поради тоа може да кажеме дека СИТЕ учесници се победници и секој од нив доби финишер медал.
Преку оваа успешна реализирана прва инклузивна трка ја постигнавме целта а, тоа е: Да се обединиме, да трчаме и да го славиме духот на инклузивноста!
Инклузивната трка е од големо значење за сите нас, организатори, спонзори и учесници бидејќи покажавме и докажавме дека секој чекор е важен без разлика на способноста и ниту една бариера не може да биде пречка за учество на ваков спортски настан.
Трчањето не познава граници и тоа го потврдија сите учесници!
Се надеваме дека инклузивната трка ќе стане традиција!





