Run Together
Трчаме РАЗЛИЧНО
Но трчаме ЗАЕДНО.

Фондацијата „Ице Бегов“ и Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ ја организираат четвртата по ред инклузивна хуманитарна трка во Гевгелија. На 14 ноември 2026 слвиме и создаваме општество без бариери.
дена
часа
минути
секунди

Настан што ги менува животите

RUN TOGETHER е настан создаден за заедничко учество на лица со и без попреченост, деца, млади, семејства, здруженија, училишта, спортски клубови, компании и граѓани. На патека од 1 km секој учествува според своите можности и со свое темпо. Настанот нема натпреварувачки карактер, ја слави хуманоста и емпатијата и го поттикнува спортот, инклузијата и заедништвото.


Од 570 учесници на првото издание во 2023 година, RUN TOGETHER порасна на повеќе од 800 учесници и поддржувачи во 2024 година. Во 2025 година настанот обедини 883 учесници од цела Македонија, меѓу нив 234 лица со попреченост. Оваа година повторно очекуваме 800+ учесници од сите возрасти да ја споделат истата енергија и да покажат дека секој човек е важен.

Клучни информации

Локација

Во градот Гевгелија, плоштад Сава Михајлов.

Време

Почеток ќе биде објавен наскоро.

Бесплатно учество

За лицата со попреченост и нивниот асистент. Пријави се навремено на 071299728.

Избери пакет и трчај со нас

Учесник

Маичка, медал, торбичка, ужинка – сè што ти треба за ден полн со насмевки.

300 ден

Поддржувач

Трчаш и овозможуваш учество за лице со попреченост. ✨ Твојот чекор е нечиј почеток.

600 ден

Шампион

Трчаш, поддржуваш повеќе учесници и твоето име свети на „Ѕидот на поддршка“.

300 ден

Херој

Трчаш со огромно срце. Добиваш благодарница, јавно признание и создаваш трајно влијание.

2000 ден

Виртуелен тркач

Трчај со нас, без разлика каде си! Прати фотографија и ќе ја споделиме енергијата на Run Together низ светот.

300 ден

Како да се пријавам?

Пријавата се врши на страната на November Run со додавање на количина (1) на пакетот кој го одбирате.

Како да се пријавам?

Пријавата се врши на страната на November Run со одибрање на трката Run Together и внесување податоци.

Дизајн 2025: Станка Џекова – новиот дизајн е во подготовка

Маичка и медал

Секој учесник што трча со нас добива уникатна драјфит маичка и медал Run Together.

Поддржувачите, шампионите и хероите исто така ги добиваат – знак за нивната поддршка.

ѕид на ПОДДРШКА

Ви благодариме на сите што го поддржувате Run Together 2026. Со вашата помош го подготвуваме настанот и обезбедуваме бесплатно учество за лицата со попреченост.

Тука ќе ги претставуваме спонзорите, донаторите и поддржувачите што ни се придружуваат оваа година.

Бобан Пешиќ

Виртуелни тркачи

Виртуелните тркачи ни покажуваат дека Run Together нема граници. Без разлика каде сте, секој ваш чекор е дел од нашето заедничко срце. Благодариме што ја споделувате оваа енергија со светот!

Александар Петров

Скопје, Македонија

Александар Петров

Скопје, Македонија

Александар Петров

Скопје, Македонија

Александар Петров

Скопје, Македонија

За компании и организации

Бидете дел од
Run Together

Со вашето спонзорство и донација поддржувате инклузија и спорт достапен за сите. Контактирајте нè на fondacijaicebegov@gmail.com за повеќе информации.“

Рок за пријавување на спонзорите: најдоцна до 15 октомври 2026 година (за да може логото навремено да се вклучи на промотивните материјали)

Благодарност до нашите поддржувачи

Фондација „Ице Бегов“ им се заблагодарува на сите спонзори, поддржувачи, шампиони и херои на Run Together.
Вашата поддршка овозможува инклузивен настан во кој учествуваат деца, возрасни и лица со попреченост – заедно, во дух на солидарност и хуманост.

Благодарение на вас, Run Together расте и станува вистинско движење што ги обединува луѓето и ја гради нашата заедница посилна и подобра.

Ви благодариме што трчате со нас – за добрина, еднаквост и човечност

СПОНЗОРИ / ДОНАТОРИ / ПАРТНЕРИ

ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

АТЛЕТСКИ КЛУБ 7-МИ НОЕМВРИ

МАН ЕЛЕКТРОНИК

ИТЕК СИСТЕМИ

GrckaInternet.com

ТОМЕО СПОРТ

ЕЛЕКТРОНОВА

DISSANS DIGITAL

Планинарски Клуб Кожуф Гевгелија

Организатори и благодарност

Со учеството во Run Together испраќате порака дека спортот и заедништвото припаѓаат на сите.