Кои сме ние?

Ице Бегов е роден на 28.07.1995 година во Гевгелија. Детството и школувањето ги помина во Скопје. Неговата личност и карактер е синоним за вистински пријател, брат, верен другар, со чиста љубов која ја ширеше кај секого.

Секојдневието го започнуваше со желба да го помине денот со личности на места кој често ги посетуваше, а секоја помината минута беше предизвик да направи план за нова авантура. Негова силна страна беше помошта која неизмерно и безрезервно ја даваше на личностите кој беа дел од неговиот живот.

Неговиот придонес беше особено важен, бидејќи со својата посебна енергија, добрина и милозливост сакаше да придонесе секој во неговото присуство да се почуствува среќен, мирен и спокоен. Енергијата која ја носеше со себе ја манифестираше со искрена насмевка и вистинска љубов која допираше до секого.

Темпераментноста беше негова препознатлива карактеристика, а особено неговиот афинитет кон повеќе професии меѓу кои: музиката, ветеринарството, занаетчиството особено кон неговата омилена професија електроинсталатер. Несебично го даваше својот максимум за секој ден да биде поубав, подобар и различен, исполнувајќи го секој момент со искрена насмевка, среќа и топла љубов.

Неговата автентичност е поттик за основање на ФОНДАЦИЈАТА “ИЦЕ БЕГОВ,, која ќе ја продолжи неговата мисија на хуманост, ведар дух и добрина која во целост го отсликува неговиот лик

Запознај го нашиот тим

Елена Бегова

Костадин Бегов

Никола Велиновски

Маја Саздова

Тодор Бегов

Стефан Узунов

Марко Масловариќ

Андромаха Масловариќ

Васо Масловариќ

Јован Масловариќ

Мартина Батанџиева

Станка Џекова

Дамјан Наумовски