ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ”НЕБО СИНО” ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА
мај 6, 2024
Посета на ОУРЦ Др. “Златан Сремец” во духот на Новогодишните и Божиќните празници
мај 6, 2024

Завршен проект Небо Сино

Почитувани, ве информираме дека проектот кој го започнавме на 28 јули оваа година е реализиран во целост.Направивме хуманитарен концерт насловен “Небо Сино” во КИЦ “Романса” – Македонска Каменицана кој концерт учество земаа повеќе изведувачи.Собраните средства ги искористивме за уредување и опремување на сензорна соба.

Сензорната соба е недирективна терапија која делува на основните сетила за вид, слух, допир и мирис. Преку хармонично и контролирано изложување користи светлосни ефекти, бои, звуци, музика и мириси. Сензорната соба е соба која е специјално опремена и каде природата, интензитетот и количината на стимулусот е контролирана. Се користи како педагошка и терапевтска мерка.

Се надеваме дека оваа соба ќе биде од голема корист на децата од дневниот центар и ќе им помогне во нивното учење раст и развој.Денес при посетата на дневниот центар во пресрет на новогодишните празнци на лицата од дневниот центар им беа доделени новогодишни пакетчиња проследени со многу насмевки и забава.Исто така се надеваме дека датумот 28.07 ќе прерасне во еден голем хуманитарен настан кој ќе се оддржува во Македонска Каменица каде што ќе се забавуваме и ќе можеме со нашата хуманост да ја разбудиме и поттикнеме хуманоста и кај другите луѓе бидејки нашата мисија е МИСИЈА НА ХУМАНОСТ ВЕДАР ДУХ И ДОБРИНА 

Stories

Other Stories

мај 6, 2024

Голема благодарност на сите поддржувачи волонтери и донатори

Гевгелија може!!!!Гевгелија покажа!!!!Најголемата инклузивна тркаRUN TOGETHER💙Многу емоции,насмевки, љубов но и солзи радосници собрани на едно место! Фондација ИЦЕ БЕГОВ им благодари на сите поддржувачи, волонтери и […]
мај 6, 2024

Реализирана првата инклузивна трка

По повод 7ми ноември ден на градот Гевгелија, Фондација ИЦЕ БЕГОВ ја имаше честа да биде дел од свечената седница,на која и беше доделена Благодарница за […]
✕
✕