Во духот на Новогодишните и Божиќните празници фондација “Ице Бегов” денес го посети ОУРЦ Др. “Златан Сремец” Скопје и децата кои го посетуваат училиштето ги изненади со новогодишни подароци.Новогодишните и Божиќните празници се време за радости, убави моменти, време за да споделиме среќа и да подариме насмевки.
И токму со таа мисија фондација “Ице Бегов” го посети училиштето. Задоволни сме што имавме можност да ги израдуваме децата и да им посакаме весели и безгрижни празници. Да направиме нешто повеќе сите заедно за повеќе детски насмевки, за радост и убави моменти за сите во Новата 2023 година





