Почитувани,
На ден 26.12.2022 Фондација “Ице Бегов” ги посети штитениците на центарот “Мајка Тереза” и дневниот центар во Гевгелија.
Денот беше поминат со многу дружба, насмевки, убави празнични моменти и секој член си доби новогодишно пакетче.
Со оваа посета фондација “Ице Бегов” ја завршува првата година во остварување на хуманитарни мисии.
Фондација “Ице Бегов” беше отворена во месец март 2022 година во чест на нашиот сакан Ице.
Поминавме година со многу предизвици, но и со многу насмевки.И затоа сакаме од срце да им се заблагодариме на сите кој несебично помогнаа во остварување на нашата цел!
Се надеваме дека новата 2023 година ќе биде година на хуманост со многу повеќе реализирани проекти и многу повеќе насмевки!
Фондација “Ице Бегов” Ви посакува Среќни Новогодишни и Божиќни празници исполнети со многу здравје, среќа, љубов и успех!





