Почитувани,На денешен ден 13.04.2023 година, на една година од основање и постоење на фондацијата, во чест на ИЦЕ БЕГОВ ,Фондацијата ИЦЕ БЕГОВ склучи Договор за донација за наменско возило со пристапна рампа и можност за превоз на лица со траен инвалидитет и друга попреченост со Општина Гевгелија.Донацијата на наменското возило со пристапна рампа и можност за превоз на лица со траен инвалидитет и друга попреченост е во вредност од 34.118,00 евра со вклучен ДДВ.
Донираното наменско возило ќе биде ставено на располагање и користење на следните корисници:– Корисниците на Дневен Центар JУМЦСР -Гевгелија– Членови на Заедницата на инвалидски организации во Гевгелија составена од: Здружение на слепи, Здружение на глуви, Здружение на лица со интелектуална попреченост ‘’Порака” и Здружение на лица со телесен инвалидитет ‘’Мобилност’’ –Гевгелија– Членови на Здружението Национална Алијанса за лица со посебни потреби-Гевгелија– Лица со попреченост, телесен инвалидитет кои поради здравствената состојба во која се наоѓаат не се итни и не се во животно загрозувачки ситуации, а истите не се во можност самостојно да обезбедат превоз за користење на здравствена, социјална или друга потреба и адиминистративна услуга.Општина Гевгелија како примател на донацијата, ќе овозможи располагање и користење на возилото на горенаведените корисници за нивните потреби меѓу кои:1.За превоз од домот на корисниците на услугата до Дневниот центар ЈУМЦСР-Гевгелија и назад.
За индивидуални потреби на корисниците на услугата како што се: користење на социјална, здравствена, административна услуга (посета на лекар, банка, пошта, фризер, јавна установа, институција, културен настан)3. За учество на корисниците на услугата- членовите на здруженијата, Национална Алијанса за лица со посебни потреби-Гевгелија и Дневниот центар ЈУМЦСР-Гевгелија како што се: учество во натпревари, трибини, настани во други градови, локални прошетки и организирани екскурзии во Гевгелија и други градови во државата.Се надеваме дека со донацијата на наменското возило ќе се подобри мобилноста на лицата со попреченост во Општина Гевгелија.
Со почит,ФОНДАЦИЈА ИЦЕ БЕГОВ





