Донација за наменско возило со пристапна рампа и можност за превоз на лица со траен инвалидитет и друга попреченост на Општина Гевгелија
мај 6, 2024
Реализација на проектот ,, Ајде сите заедно во природа “
мај 6, 2024

ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ: „ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ“На 23 мај 2023 година (вторник), во салата на хотел „Аполонија“ (влез спроти зградата „Гортинија“), со почеток во 14:00 часот, ќе се одржи настан за промоција на проектот: „Изработка на Локална стратегија за развој и подобрување на социјалниот живот, активната вклученост и квалитетот на животот на лицата со попреченост во општина Гевгелија“.

На настанот од страна на претставници на: Општина Гевгелија, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа- Гевгелија, Фондација „Ице Бегов“- Скопје, Фондација „Аполонија“- Гевгелија, Здружение „Национална алијанса за лица со посебни потреби“- Гевгелија и Заедница на инвалидски организации- Гевгелија, партнер-имплементатори на проектот, ќе бидат презентирани целите и проектните активности од областа на социјалната заштита, за мапирање на потребите на лицата со попреченост.

Реализацијата на проектот е со цел изработка на Локална стратегија, која во иднина ќе послужи за креирање социјални услуги согласно приоритетните потреби, а ќе бидат од корист за подобрување на животот на оваа ранлива категорија граѓани.

Stories

Other Stories

мај 6, 2024

Голема благодарност на сите поддржувачи волонтери и донатори

Гевгелија може!!!!Гевгелија покажа!!!!Најголемата инклузивна тркаRUN TOGETHER💙Многу емоции,насмевки, љубов но и солзи радосници собрани на едно место! Фондација ИЦЕ БЕГОВ им благодари на сите поддржувачи, волонтери и […]
мај 6, 2024

Реализирана првата инклузивна трка

По повод 7ми ноември ден на градот Гевгелија, Фондација ИЦЕ БЕГОВ ја имаше честа да биде дел од свечената седница,на која и беше доделена Благодарница за […]
✕
✕